Парондо за 24 Ракомет ТВ: Атмосферата ќе биде добра, но не игра публиката… (ВИДЕО)

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо се врати на теренот каде што играше во финишот од својата кариера. Пик Сегед беше клуб каде што мина неколку години од кариерата и добро се сеќава на тој дел од кариерата.

Смета дека осумте гола од Скопје уште не го прогласиле Вардар за четврт-финалист и вели дека ќе мора и денеска да се одигра на ниво. Според него публиката нема да има големо влијание бидејќи таа не игра на теренот туку играчите.

„Во Пик Сегед минав три години како играч и секогаш е убаво кога ќе се вратиш некаде каде што си минал убав период од својата кариера. Тука секогаш имало добра атмосфера. Сепак, јас секогаш велам дека публиката не е таа што игра. На теренот има седум играчи и тие се оние од кои сè зависи“, коментираше Парондо за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.