Парондо за 24 Ракомет ТВ: Ако водиме во првите минути против Барселона имаме шанси (ВИДЕО)

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо пред камерата на 24 Ракомет ТВ говореше за мечот кој претстои утре. Тој вели дека помина многу време од средбите од групната фаза и дека Вардар сега игра подобро.

„Од тие два дуели против Барселона поминаа неколку месеци, а јас мислам дека ние сега играме многу подобро. Сепак, мораме да одиграме добро од почеток до крајот. Првите минути ќе бидат многу важни за нас. Барселона е тим кој доколку успее да поведе брзо игра уште подобро. Затоа, ако успееме во првите неколку минути да одиграме добро и да имаме предност потоа може да биде многу подобро за нас и така ќе имаме шанси во полуфиналето“, коментираше Парондо за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја видите во видеото во продолжение.