Парондо за 24Ракомет ТВ: Сите велат дека Веспрем е фаворит, но и Барса беше…(ВИДЕО)

Вардар е во големото финале на Лигата на шампионите по херојската победа над гигантот Барселона со 29-27. Во натпреварот за титулата, македонскиот првак ќе се сретне со унгарскиот првак Веспрем, денеска од 18:00 часот.

Тренерот Роберто Гарсија Парондо вели дека унгарскиот тим е фаворит.

„Веспрем е фаворит, барем така сите викаат, но и Барселона беше. Ова е само еден натпревар, сигурен сум дека играчите ќе дадат 100% од своите можности“, вели Парондо за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава погледнете ја во продолжение…