Парондо: Ако сакаме победа против Железничар – мора да се однесуваме сериозно

Ракометарите на Вардар полека ги завршуваат клупските обврски пред да се посветат на резервацијата. До крајот на годинава остануваат само уште натпреварите од СЕХА лигата, а следниот на програмата е в сабота во Ниш кај српскиот вице првак Железничар. Стратегот на „црвено-црните“, Роберто Гарсија Парондо смета дека неговите играчи мора да се однесуваат сериозно, ако сакаат нова победа.

„Играме против Железничар, тим што игра многу добро пред домашна публика. Вистина е дека ние не одигравме добро против Металург и ако сме искрени, игравме многу лошо. Тимот не беше фокусиран и игравме без интензитет, и тогаш е тешко да се игра. Сигурен сум дека не игравме на нивото од Лигата на шампионите. Знам дека СЕХА лигата е силна, затоа мораме да извлечеме поуки од последниот меч и да се однесуваме сериозно ако сакаме да победиме“, вели Парондо.

На првиот меч одигран во Скопје во септември, Вардар триумфираше со 35-20. Средбата во Ниш ќе се игра во салата „Чаир“, а ќе започне во 20: 15 часот. Покрај дуелот со Железничар, за Вардар ќе останат уште средбите со Татран Прешов дома и Стеауа на гости.