Охрид продолжи да победува, го надигра и Радовиш

Победничката серија на ракометарите на Охрид продолжува, а новата победа дојде на дуелот против Радовиш. Охриѓани се изборија за победа од 28:22 со што дојдоа до нови три бода со кои во моментов се искачија на 2. место на табелата во Супер машката лига.

Радовиш имаше подобар старт и водеше после првите неколку напади. Имаше водство до 3:2, а потоа следуваа два гола во серија на гостите. Последен пат нерешено беше при 5:5, па трите гола од Охрид донесоа предност од 8:5 после која охриѓани без поголеми проблеми се изборија за предност која ја чуваа до крајот на првиот дел.

На одмор Охрид замина со 13:11, а потоа следуваше брзо зголемување на предноста. Охриѓани дојдоа до плус од осум гола при 24:16 и тука веќе и го имаа решено победникот на овој дуел. До крајот си дозволија да паднат на позитива од шест гола, но и ова беше сосема доволно за да се обезбедат трите бода на овој дуел.

Охрид освои нови бодови, па после поразот на стартот од сезоната кога Пролет беше подобар од охриѓани беа наречени четири триумфи кои овозможија тимот да дојде до вкупно 12 бода. Со ова Охрид на најдобар можен начин го најави дербито против Струга кое се игра следниот викенд.

Радовишани останаа на три бода и се далеку од посакуваното. Се наоѓаат дури на 9. позиција.

РАДОВИШ – ОХРИД     22:28 (11:13)

Сала: 25 Мај во Радовиш. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Благој Петров од Велес.

РАДОВИШ: Паунов, Мицев, Спасов, Томов, Атанасов, Бујиќ 2, Јованов, Илиев 3, Долдуров 1, Колоски, Ѓорѓиев 4, Спасков, Ристов, Органџиев 4, Симиќ 8, Трајанов.

Седмерци: 6/9, Исклучувања: 4 мин.

ОХРИД: Брауновиќ, Јовановски, Андоноски 3, Ивановски, Блажески 8, Костов, Соколов, Тасески 4, Ристески, Георгиевски 8, Симоноски 1, Димитријески 1, Петровиќ, Везенковски 3.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 6 мин.