Охрид доби нов лев бек – Цителишвили ги засили “гладијаторите”

Тимот на Охрид во новата сезона ќе може да смета на услугите на грузискиот репрезентативец Лексо Цителишвили. Левиот бек минатата сезона потпиша договор на две години со Струга, но се одлучи да ја промени средината и оваа седмица ќе го стави потписот на договорот со новиот тим.

Со него во ростерот, тренерот на Охрид – Раде Стојановиќ, ќе има опција плус во нападот. Охриѓани посакуваат претстојната сезона да обезбедат плеј-оф, па покрај Цителишвили, досега се засилија со Даниловски, Тот и Ѓошевски.

Охрид загуби од АЕК и еднаш од Беса, а славеше над косовскиот тим и над КЛ7 во одиграните пријателски натпревари во претсезоната.

Утре и задутре охриѓани ќе настапат на турнирот во босанскиот град Тузла, а таму покрај домаќинот Слобода, ќе настапат Металопластика и унгарскиот Орошази.