Охрид во еден ритам до три бода кај Вардар јуниор

Охриѓани дојдоа до лесни три бода на гостувањето во Скопје кај тимот на Вардар јуниор откако во рамки на мечот од 13. коло се избори за триумф од 29:18.

Гостите беа во предност од самиот почеток. Во мечот влегоа со 3:0 и потоа овие три гола разлика ги одржуваа кратко по што почнаа да ја зголемуваа предноста која до крајот на првиот дел порасна на седум гола.

На одмор тимот на Охрид замина со 12:5 и во ниту еден момент победата не беше доведена во прашање. Обидите на домашните да се вратат не даваа резултат. Немаше простор за да се направи нешто повеќе бидејќи ракометарите на Охрид имаа целосна контрола и знаеја како да издржат до крајот на средбата. Во секој дел од играта гостите беа подобри, па не е никакво изненадување што на крајот и предноста беше така голема.

Во вториот дел само ја чуваа предноста и се изборија за победа од 11 гола разлика со која и понатаму се во одлична позиција која им дава надежи за обезбедување на плеј-оф. Вардар јуниор останува во долниот дел и со неизвесност околу позицијата од која ќе се влезе во плеј-аут лигата.

ВАРДАР ЈУНИОР – ОХРИД         18:29 (5:12)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Виктор Начевски од Скопје  и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Благој Петров од Велес.

ВАРДАР ЈУНИОР: Анѓеловски, Ставровски, Димов 1, Јанковски 2, Кукуловски 1, Нанов, Јакимовски 1, Постолов, Карапалевски 3, Атанасовски, Ќосевски 4, Анѓелковски, Гашоски 3, Крстевски 2, Ѓорѓиев 1, Цветаноски.

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 6 мин.

ОХРИД: Брауновиќ, Јовановски, К. Андоновски 7, Иваноски, Блажески 6, Костов, Соколов, Д. Андоновски 2, Трајкоски, Тасески 4, Ристески 1, Георгиевски 7, Симоноски, Димитријески 1, Петровиќ 1, Везенковски.

Седмерци: 0/2, Исклучувања: