Официјално: Пелистер и репрезентативецот на Габон се договорија

Екипата на Пелистер го доби десеттото засилување за новата сезона, а играчот кој веќе го стави потписот на договорот со клубот е репрезентативецот на Габон, Табанге Черубин.

Играчот од Габон настапува на позицијата лев бек и има 24 години. веќе трет ден е во Битола и имаше можност да се запознае со колегите така што се запозна со условите. Воедно и тренерот Томче Петрески имаше можност да види за каков играч станува збор и со него се очекува Пелистер да добие многу во бековската линија.

Има висок скок шут и силен удар така што би требало да биде освежување за играта на битолчани кои со него потпишаа едногодишен договор.

Черубин доаѓа од шампионатот на Турција. Минатата сезона беше дел од составот на МИК каде играше и голманот Харис Плех, кој летово исто така дојде во екипата на Пелистер.

Според информациите од Битола ова ќе биде последното ново име летово во Пелистер и веќе е затворен списокот на ракометарите за новата сезона. Првиот меч ќе биде веќе следниот викенд кога на програмата е пресметката меѓу двата битолски суперлигаши, Пелистер и Е. Работник.