ОФИЦИЈАЛНО: Борозан во Унгарија ќе ја бара ракометната среќа!

Некогашниот ракометар на Вардар, Вуко Борозан денеска беше промовиран како нов член на европскиот вицепрвак Веспрем. Како што најави 24Ракомет пред повеќе од месец дена, Борозан го потпиша договорот со унгарскиот гигант, но сепак се чекаше до неговата промоција.

Неофицијално, проблем беа лекарските прегледи. Имено, Црногорецот има здравствени проблеми поради кои му пропадна трансферот во Барселона, а можеше и овој во Веспрем.

Сепак унгарскиот тим се реши да го ангажира поранешниот вардарец во обидот да ја продолжи доминацијата на домашен терен и конечно да стигне до титулата во Лигата на шампионите.

Приказната меѓу Борозан и Вардар немаше убав крај. Тој не се појави пред заминувањето за Мешков на финалниот турнир од СЕХА лигата и тука почнаа сите проблеми. После враќањето од Белорусија беше избркан од тимот, а потоа дојде и информација дека сметките меѓу Борозан и Вардар се расчистени и дека „љубовта“ е завршена.