Откако не успеа со Циндриќ, ПСЖ му фрли око на Сташ Скубе!

Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе би можел од сезоната 2020/2021 да ги брани боите на францускиот шампион ПСЖ. Тој најверојатно ќе биде вториот ракометар од актуелниот ростер на Вардар што оди кај „светците“, по Даинис Кристопанс.

Бидејќи се поверојатно е дека Лука Циндриќ нема да оди во Париз, туку ќе се пресели во Барселона, парижаните му фрлија око на одличниот плејмејкер од Словенија, кој игра одлично во оваа сезона во вардаровиот дрес и ќе настапи на Ф4 во Келн. Големи се шансите Скубе да го носи вардаровиот дрес и следната сезона, па дури потоа да се реализира трансферот во ПСЖ.п

Вардар е втор клуб во неговата интернационална кариера. Претходно две сезони настапуваше за ПИК Сегед каде сега ја освои титулата, а претходно три сезони беше дел од тимот на Горење Велење. Потекнува од ракометната школа на Требње каде дебитираше во 2000 година со 16 години.

Со репрезентацијата на Словенија го освои бронзениот медал на СП за играчи до 21 година во 2009 година. За сениорската репрезентација на Словенија има одиграно 17 натпревари и постигнато 32 гола.