Ракометните легенди оддадоа почит на отворањето на Меморијалниот турнир “Миле Нешкоски” (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Денеска и утре во Прилеп се играат натпреварите на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ на кој ќе учествуваат тимовите на Прилеп, Струга, Пролет и Ловќен од Црна Гора.

Пред првиот дуел во кој играат Прилеп и Струга, претставници на екипите, но и на градот Прилеп положија цвеќе пред споменикот на прерано починатиот ракометар „Миле Нешкоски“ . Тој беше еден ракометарите кои учествуваа во сите успеси на клубот и во титулата во Купот на Македонија освоена во 2002 година.

Важеше за еден од најголемите борци  на теренот, а има забележано настапи и во репрезентацијата на Македонија.

Нешкоски во чија чест се одржува овој турнир почина на 42 годишна возраст во 2011 година и оттогаш ракометот во Прилеп има голема празнина. Денеска пред Универзалната сала покрај тоа што се собраа екипите кои ќе играат на турнирот се собраа и членови на неговото семејство, но и голем број од ракометарите кои во минатото беа дел од тимот од Прилеп заедно со Нешкоски.

Турнирот го прогласи за отворен неговиот поранешен соиграч Кристијан Илиоски.