Остроушко ја водеше Украина до триумф над Фарски Острови

Многу возбудлива, драматична, но и среќна за Украинците беше победата над Фарски Острови. Тие на гости успеаја да ја совладаат незгодната скандинавска репрезентација со 27:26 и си ги зголемија шансите за пласман на претстојното Европско првенство. Кллучен играч во триумфот на жолтите беше играчот на Еурофарм Работник, Владислав Остроушко кој погоди девет пати.

Првиот натпревар помеѓу овие две селекции убедливо им припадна на Украинците, но во Фарските Острови текот на настаните беше поинаков. Се играше цврсто и изедначено се до последниот судиски свиреж. Домаќините имаа иницијатива, но првиот дел го загубија со 15:14 благодарение на серијата од 3:0 која „жолтите“ ја создадоа во завршните моменти од полувремето.

Сличен пристап имаа овие две репрезентации и во вториот дел. Двете екипи доаѓаа до водство од еден разлика и го губеа, а првата репрезентација која дојде до плус два беше Украина и тоа во последните моменти од средбата. После ова гостите успешно се одбранија и славеа минимален, но значаен триумф.

Ништо не е решено во оваа група. Украина последните две средби ги игра против Данска на свој терен и против Црна Гора на гости. Минимум еден триумф би ги одвел на Европското првенство. Фарски Острови има скоро невозможна мисија во обидот за влез во големото европско натпреварување.