Од Мешков Брест открија: Му понудивме на Дибиров да дојде кај нас

Тимур Дибиров за руските медиуми најави дека оваа сезона е негова последна во дресот на Вардар. Еден од ракометарите со најдолг стаж во „црвено-црниот“ тим ќе има нова средина од лето, а на негова адреса има неколку понуди. Една од нив е од Брест Мешков.

„Комунициравме со Тимур Дибиров. Одамна му ја доставивме нашата понуда. Тој сега ќе одбере каде ќе ја продолжи кариерата, па има можност да дојде во Мешков Брест“, вели спортскиот директор на белорускиот шампион, Павел Башкин.

Дибиров дојде во Вардар од рускиот тим Чеховски Медведи и следниот клуб за него бил трет во кариерата.