Од денеска во продажба билети за дуелот меѓу Македонија и Грција!

Македонија в недела против Грција ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Иако веќе обезбедивме место на континенталниот собир, сепак ни треба победа на оваа средба за да го потврдиме првото место во групата и местото во вториот шешир пед ждрепката.

Билетите за оваа средба од денеска се веќе во продажба од денеска. Поради специфичноста на натпреварот, малиот капацитет на салата и насоките од организаторот, билетите во строго ограничен број ќе може да се набават во продажното место на Мк Тикетс во Струмица, Кафе бар Концепт.

Натпреварот се игра на 16 јуни во 18:00 часот во салата “Парк” во Струмица.