Одлично второ полувреме на Шведска за златен медал на Европското кадетско првенство

Финалето од Европското кадетско првенство во кое се најдоа Шведска и Исланд донесе големи возбудувања од кои како поуспешни излегоа Швеѓаните. Натпреварот почна со голема иницијатива на шведските кадети кои по првите 15 минути водеа со 8:2. Ваквата убоитост не ги исплаши Исланѓаните кои успеаја да се вратат и да го добијат првото полувреме со резултат 15:14.

Првите 15 минути од вториот дел донесоа игра гол за гол се до почетокот на последната четвртина на натпреварот кога на резултат од 21:20, Валтер Шринц и Лудвиг Халбак ја презедоа играта на Шведска во свои раце и погодија десет погодоци од единаесте голови кои ги постигна Шведска во последните петнаесетина минути. Исланд во последните 15 минути како да го изгуби здивот и не успеа да одолее на нападите од Швеѓаните и го загуби натпреварот со убедливи 32:27.

Овој триум на Шведска им ја донесе првата титула за кадети на едно Европско првенство, а во малото финале силите ги одмерија Хрватска и Данска каде бронзата ја освоија Данците со победа од 26:24. Домаќин на ова првенство беше Хрватска, а средбите се играа во Вараждин и во Копривница.

ОЛ-СТАР ТИМ

Голман: Фабијан Норстен (Шведска)

Лево крило: Гаутасон Дагур Гаутсон (Исланд)

Лев бек: Јури Нор (Германија)

Среден бек: Саду Н`Танзи (Франција)

Десен бек: Јовица Николиќ (Србија)

Десно крило: Валтер Шринц (Шведска)

Пивот: Тор Кристенсен (Данска)

Најдобар одбранбен играч: Џанфранко Прибетиќ (Хрватска)

Најдобар играч: Хаукур Тарстарсон (Исланд)

Најдобар стрелец: Лудвиг Халбак (Шведска) – 56 гола