„Ова не беше најдобра седмица за Вардар – но мислиме само на ПИК Сегед, сè друго е на страна “

Вардар го пречекува ПИК Сегед во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, a последен оваа сезона пред домашната публика. Веста за повлекувањето на Сергеј Самсоненко беше објавена во незгоден момент, но стратегот Роберто Парондо вели дека тој и неговите играчи не мислат на тоа.

„Последниот викенд не беше добар. Фокусирани сме само на натпреварот, сè друго е тргнато на страна и мислиме само како да го победиме големиот ривал“, вели Парондо.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:00 часот.