Норвешка не е опција: Македонија ќе игра во Австрија или во Шведска!

По одигрувањето на последните натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година, познати се сите учесници на континенталниот собир што за првпат ќе се игра во три држави – Шведска, Норвешка и Австрија.

Нашата репрезентација со двете победи над Турција и Грција го потврди првото место во квалификациската група и со тоа местото во вториот шешир пред ждрепката за првата фаза.

Состав на шеширите пред ждрепката што ќе се одржи во Виена на 28 јуни:

1 шешир: Шпанија, Шведска, Франција, Хрватска, Чешка, Данска
2 шешир: Норвешка, Македонија, Белорусија, Словенија, Германија, Унгарија
3 шешир: Австрија, Црна Гора, Летонија, Исланд, Португалија, Швајцарија
4 шешир: Босна и Херцеговина, Русија, Полска, Швајцарија, Украина, Холандија, Србија

Организаторот ја смести Хрватска во Грац во групата А, во групата Б во Виена ќе биде домаќинот Австрија, а во групите Ц и Д, кои ќе се играат во Трондхајм, ќе бидат сместени Германија и вториот домаќин Норвешка.

Во групата Е во Малме ќе игра Данска, додека третиот домаќин Шведска ќе игра во Гетеборг. Со оглед на тоа што Норвешка и Германија се во вториот шешир, Македонија сигурно нема да игра во Норвешка и како опции остануваат Грац, Виена, Малме или Гетеборг.

Играње со скандинавци на нивен терен не е добра идеја, па идеална комбинација за нашата селекција би биле Грац или Виена.

Група А Група Б Група Ц Група Д Група Е Група Ф
Грац Виена Tрондхајм Трондхајм Малме Гетеборг
шешир 1 Хрватска Данска Шведска
шешир 2 Германија Норвешка
шешир 3 Австрија
шешир 4

Ждрепката за групите ќе се одржи на 28 јуни со почеток во 18:45 часот во Виена, а на ова ЕП кое е прво со 24 селекции, ќе бидат одиграни 65 натпревари во 15 дена.

Првите две пласирани селекции од секоја група продолжуваат во следната рунда, во две групи по шест селекции. Оние од А, Б и Ц групите ќе играат во Виена, а оние од Д, Е и Ф групите ќе продолжат со играње во Малме.

Завршницата ќе се игра во шведскиот град Стокхолм во три дена.