Нов Македонец во Бундес лигата? Вецлар се интересира за Мартин Серафимов!

Во следната сезона Македонија би можела да има најмалку петмина ракометари во најсилната лиа на светот, Бундес лигата. Филип Талески ќе игра за Рајн Некар, Филип Миркуловски е во Вецлар, а Жарко Пешевски ќе биде дел од Штутгарт, додека Филип Кузмановски оди во Магдебург.

Нив би можел да им се придружи и младиот Мартин Серафимов, за кого постои интерес од Вецлар, каде оваа сезона покрај Миркуловски играше и голманот Јане Цветковски. Серафимов беше поврзуван со Загреб на почетокот на оваа година, но најверојатно нема да има ништо од трансферот.

Веќе се направени првичните разговори со Вецлар, па доколку стави потпис на договорот Серафимов во исто време би настапувал и за првиот и за вториот тим на овој бундеслигаш. На десната бековска позиција Вецлар има двајца интернационалци. Минутажата ја делат Црногорецот Стефан Чавор и Португалецот Жоао Фераз.