Ново име во одбраното друштво: Марјан Колев доби „Мастер коуч“ лиценца

Само еден откако стана вицепрвак на Франција со неговата Ница, и неколку дена откако беше номиниран за најдобар тренер во оваа земја, македонскиот стратег Марјан Колев имаше уште една причина за задоволство.

Тој е сега „Мастер коуч“ тренер и влегува во друштвото на малкуте македонски тренери кои поседуваат ваква лиценца

Меѓу нив се и Александар Јовиќ, Симе Симовски, Аце Станковски, Никола Матлиески, Владимир Глигоров, Александар Петровски, Благојче Весиќ, Душко Кландев, а од поодамна и Стевче Алушовски, Данило Брестовац, Звонко Шундовски, Андон Бошковски и Борче Марковски.