Новогодишен подарок за навивачите на Вардар: Самсоненко останува најмалку до крајот на 2020!

Навивачите на македонскиот шампион на крајот на оваа година ќе добијат позитивни вести од управата на „црвено-црните“. Вардар е на добар пат да го зачува тимот и главниот спонзор барем до јуни 2020 година. Со тоа ќе бидат прекинати шпекулациите за можно распуштање на тимот или некакви намалувања на апетитите на актуелниот шампион на СЕХА Газпром лига .

Како што дознава 24rakomet.mk, а што ни беше потврдено и од неколкумина членови на играчкиот дел на екипата тие неделава се сретнале со сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко. Тој на ракометарите на Вардар им соопштил дека ќе остане најмалку до 2020 година во клубот, а желба на човекот кој го донесе трофејот од Лигата на шампиони во Скопје е да ги задржи ракометарите во тимот и за наредната сезона.

Не е исклучено тимот да остене во ваков силен или сличен состав и по 2020 година. Оваа одлука во наредниот период се очекува на официјална „прес-конференција“ да ја потврди и раководстовото на „црвено-црните“ и претседателот на клубот, Сеергеј Самсоненко. Тогаш ќе се обелоденат и целите на клубот и можеби и некои нови засилувања со кои се преговара.

Се очекува наскоро управата на клубот ќе им понуди продолжување на договорите на неколку клучни ракометари, чии договори завршуваат во јуни 2019. Меѓу нив се Игор Карачиќ, Стојанче Стоилов, Даинис Криштопанс, Сташ Скубе, Рожерио Мораеш, Данил Шишкарев и Иван Чупиќ.

Вардар во изминативе две години играше на Фајнл Фор турнирот во Лигата на шампионите, а во 2017 година во Скопје за прв пат го донесе трофејот од елитното натпреварување.

Откако ја започнаа полусезоната  со изменет состав, намален буџет и нов тренер, Роберто Парондо, Вардар успеа да го одржи високото ниво на ракомет и ја завршува оваа полусезона како второпласиран во групата А, зад ракометниот гигант Барселона.