Нови проблеми во Металург: Брестовац остана само со еден десен бек

Екипата на Металург претрпе пораз во Белорусија, но тренерот Данило Брестовац има нови грижи бидејќи после овој меч веројатно останува и без уште еден ракометар кој може да одигра на десен бек и бие со левата рака.

Томислав Јагуриновски денеска се повреди на натпреварот против Мешков и тоа уште во почетниот дел и не беше во можност да им помогне на колегите во најголемиот дел од средбата. Повредата дојде уште во првиот дел, па тоа донесе проблеми и во нападот и во одбраната, па мораше да се комбинира.

Не можеше да се одигра во најсилната постава бидејќи ги нема Кузмановски и првиот десен бек Велковски, па сега во Металург имаат двајца играчи на многу чувствителната позиција кои се повредени.

Оттаму останува Мартин Серафимов единствениот десен бек кој е подготвен за игра, додека за Јагуриновски ќе се знае подобро за каква повреда се работи после враќањето во Скопје. Ова ќе биде проблем плус пред мечот со Нексе кој е закажан за в недела од 20:15 часот.