Новиот суперлигаш го загреваше Металург за пресметката против Вардар во СЕХА

Ракометарите на Металург го одиграа првиот меч под водство на новиот тренер Данило Брестовац. Откако тој се врати од Грузија од ЕХФ-шампионатот вчера Металург го имаше првиот контролен меч, а го совлада составот на Бутел со 27:19.

За Металург ова е практично генералка пред стартот на СЕХА-лигата. Тестот беше решен успешно. Првиот дел Металург го доби со 11:8, а во вториот разликата беше зголемена за конечни 27:19.

Најефикасен на средбата беше Анте Токиќ со седум гола, а по четири имаа Арсеновски и Шилегов.

Дуелот меѓу Вардар и Металург ќе биде одигран на 29 август во СЦ „Јане Сандански“. Со него стартува новата сезона, а воедно ќе биде и загревање за екипите бидејќи набрзо доаѓа и стартот на натпреварите во Лигата на шампионите.