Ни Јапонците не им се рамни: Хрватите во Минхен, како вардарци во Лигата на шампионите (ФОТО)

Соблекувалната во која ракометарите на Хрватска се подготвуваа за дуелот против Исланд изгледаше исто како што беше затекната пред почетокот на средбата. Едноставно како во неа да немало никој. На тој начин покажаа дека и тие можат да бидат како ракометарите на Вардар во Лигата на шампионите или како Јапонците на Светското првенство во фудбал.

Кога влегле хигиеничарите во слоблекувалната после натпреварот сигурно биле пријатно изненадени од глетката што ја виделе бидејќи соблекувалната била средена под конец. Хрватите во стил на Јапонци ја напуштиле салата после важниот триумф на отварањето на првенството.

Трендот да не се остава расфрлана соблекувалната после натпреварот откако први го презентираа Јапонците, го прифатија многу клубови и репрезентации меѓу кои беше и Вардар во натпреварите од Лигата на шампиони. Сега и Хрватите го продолжуваат трендот да не се оставаат зад себе остатоци од хартија, храна…

Хрватите на социјалните мрежи се пофалија како изгледаше соблекувалната кога тие ја напуштија.