„Никој не смее да ги пцуе, навредува и да им се заканува со линч, ниту на ракометарките, ниту на официјалните лица“

По натпреварот од 5 коло на плеј-офот во Женската лига меѓу Стружанка и Металург, раководството на тимот од Струга иритирано од делењето на правдата на овој дуел, се реши со соопштение да и се обрати на јавноста.

Истото ви го пренесуваме во целост.

„Не смее никој да го до руши и омаловажува името на ЖРК  “ Стружанка “ , ниту на успехот на ракометарките ниту на официјалните лица, а најмалку да ја провоцира и навредува струшката публика и официјалните лица, а ниту пак да ги пцуе, навредува или заканува со линч, па макар тоа биле судии или делегати. Здружението Градски Женски ракометен клуб ‘’ Стружанка ‘’ Струга оваа година слави 45 години официјално регистрирано постоење ( иако женскиот ракомет е од поодамна донесен и се играл во Струга ) и тоа без ниеден ден, месец или година прекин т . е 45 години постојано се натпреварува во официјални лиги. За тој период направени се многу успеси како на Републичко така и на Меѓународно / Европско ниво  со голем број на репрезентативки. Во моментов брои околу 150 членови ракометарки и во последната натпреварувачка година се натпреварува во 3 категории : сениорска, младинска и пионерска конкуренција и ќе одигра 60 званични првенствени натпревари ( 30 во сениорска, 18 во младинска и 12 во поинерска конкуренција ).

Можеби во моментов е ,, најсиромашниот ,,  клуб во државава и со најаматерска екипа, но успехот кажува друго.  Велиме најсиромашна екипа бидејќи клубот веќе триесетина години го помага, води и финансира еден човек заедно со членарината на поеднини ракометарки во последниве години, а од Општината последната помош со молење за минатата година беше 30.000,оо денари. За оваа година се уште не се знае дали и колку ќе добие или ако некого го интересира подетално за последниве  дваесетина години во просек по три евра месечно.

Велиме ,, најаматерски ,, бидејќи ниеден играч не е на ,, платен список  ,, т. е играат без никаква надокнада, од љубов, дури некои плаќаат и членарина. Не сакаме во Струга да доаѓаат судии кои ќе ја провоцираат и навредуваат нашата публика, ниту нашите официјални лица и до тој степен да се алчни за пари што на овој клуб ќе му наплатуваат на дупло патни трошкови бидејќи во исти ден судат два натпревари па кај двата клуба наплатуваат.

Истото важи и за делегати. Треба да си наплатат како што е во пропозиции. Не сакаме помош од судиите, но не сакаме да судат против нас и да прават математики во интерес на ,, Нивниот клуб ,, бидејќи Струга го знае ракометот и правилата и пропозициите на ракометната игра. Секоја чест на одредени судии и делегати кои секогаш 45 г. биле пречекани, примени и испратени како што треба.

Не сме во можност на неправедни судии после натпревар да ги испратиме коректно или во придружба на полиција, а тие биле претходно некоректни. ЖРК ,, Стружанка ,, има одлични односи со сите клубови во Републиката и со никого не се замерила, дури секогаш помагала со отстапување на свои играчи без никаква надокнада ниту обесштетување ( така имаше пуштено играчи во: Вардар, Металург каде и сега има 5 ракометарки од нашата школа, а имаше и во Пелистер, Прилеп, Кичево и др. )

Од сите овие претходно изјавени работи како и од ред други, Претседателот на клубот после повеќе од  триесет години на чело на клубот најави свое повлекување од неговата функција на крајот на оваа натпреварувачка година. Мора да нагласиме дека Нашиот клуб е отворен за сите. Во него членуваат ракометарки од сите националности, успесите се видливи, но не сакаме никој да ни ги крои плановите, ние не водиме политика, ние само воспитуваме деца. Ги учиме како да играат ракомет и како да прават успеси, да се социјализираат и да не се ,,уличарки ,, туку здрави и културни.“