Не успеа со Вардар, но затоа се радуваше со Ѓер

Француската репрезентативна голманка, Амандин Лејно, настапува на сите Ф4 досега откако е воведен завршниот турнир во женската Лига на шампиони.

По три неуспешни обиди да се пласира во финалето и по два неуспешни обиди да се совлада Ѓер во финалниот натпревар,Лејно ја освои првата титула во Лигата на шампионите.

Со Вардар пет настапи на Ф4, а на два пати токму тимот со кој се радуваше вчера, се испречи во натпреварот за титулата. Додека беше дел од „црвено-црниот“ тим освои светско злато со репрезентацијата на Франција.

Слично како и Ања Алтхаус, која по заминувањето од Вардар освои европска титула со Ѓер, и Лејно го направи истото со унгарскиот првак.