Не е само Еурофарм: И Металург посакува да биде во елитата!

Третопласираниот тим во нашата Суперлига – Металург, иако има место во Купот на ЕХФ, сепак аплицираше за место преку вајлд-карта во елитната конкуренција, Лигата на шампионите. Шампионот Вардар ќе има директен пласман во групната фаза, додека покрај Металург и вицепрвакот Еурофарм Работник се пријави за место во ЛШ преку вајлд-карта.

Крајниот рок за испраќање апликации преку националните федерациие беше до утре, а сите наши екипи го испочитуваа рокот.  ЕХФ ги има етаблирано осумте критериуми за добивање на вајлд-картата и тие се

1. Сала
2. ТВ преноси
3. Пласман во домашно првенство
4. Публика
5. Претходни настапи
6. Буџет и спонзорски потенцијал
7. Извршување на наредбите од ЕХФ и регулативите
8. Медија

Тешко е за верување дека тимот од Автокоманда ќе го продолжи континуитет од осум сезони играње во Лигата на шампионите, со оглед на тоа што конкуренцијата ќе биде жестока за добивањето на вајлд-карта ако се знае дека уште по две германски и две француски екипи ќе бидат пријавени.

Оние екипи што ќе добијат вајлд-карти ќе бидат објавени на 25 јуни, додека ждрепката за групната фаза ќе биде извршена на 27 јуни во Виена.