Не е активен само на ракометните терени: Стоилов се појави во музички спот (ВИДЕО)

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов не е актуелен само на ракометните терени.

Тој доби улога во музичкиот спот за песната „Ќе биде“ на раперот Ненад Ставровски Нешо, каде се појавува и младата пејачка Валери.

Пораката на песната е да се научи по нешто од секој животен пораз и да се оди напред, а во приказната на спотот, во финишот, одлично се вклопува и Стоилов.