Неопходна е огромна поддршка во битка за Келн: Почна продажбата на билети за Вардар – ПИК Сегед

Од денеска почнува регуларната продажба на билети за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Вардар и ПИК Сегед. Во продажба се пуштени и сите билети што досега не беа заменети со приоритетната замена што траеше до вчера.

Продажбата на влезници за четвртфиналниот меч ќе трае се до распродавање на капацитетот на салата во СЦ „Јане Сандански“. Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед е закажан за 25 април во Скопје со почеток во 20:00 часот.

400 денари ќе чинат местата на трибините горе, додека 50 денари поскапи се билетите за А блоковите. Продажбата на билетите за четвртфиналниот натпревар ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден до 18:00 часот и он-лајн преку www.ticketplus.mk.

На вардарци ќе им биде неопходна голема поддршка во првата битка против унгарскиот шампион на патот до трет пласман на завршниот турнир во Келн.