Нема повеќе билети: ПИК Сегед го чека пеколна атмосфера во домот на Вардар!

Унгарскиот шампион ПИК Сегед, покрај против Вардар, ќе мора да се бори и против пеколната атмосфера во СЦ „Јане Сандански“.

Сите преостанати билети за првиот четвртфинален двобој од Лигата на шампионите денеска се распродадоа.

Како и претходно, раководството на шампионот најверојатно ќе пушти во продажба и билети за стоење, но таа информација ќе биде потврдена дополнително.

Средбата меѓу Вардар и ПИК Сегед се игра на 25 април со почеток во 20:00 часот.