На дербито во Бутел поделени и црвени и сини картони (ВИДЕО)

Средбата меѓу Бутел Скопје и Пролет имаше огромна борба, но и моменти кои често се случуваат на дуели со тензија на кои бодовите се посакуваат и на двете страни. Двобојот финишираше со победа на гостите од 24:21, но имаше и неколкуминутен прекин поради дуелот меѓу Кристијан Василевски и Мартин Манасков, а после истиот имаше мешаница на теренот во која учествуваа поголем дел од ракометарите.

За да се смири тензијата која настана после двобојот меѓу Василевски и Манасков двајцата мораа на ладење на шест минути до крајот од средбата при резултат од 17:24.

Судиите Начевски и Николов им покажаа црвени картони, но покрај тоа добија и сини, па ова значи дека инцидентот ќе се разгледува дополнително и ќе има санкции за ракометарите кои учествуваа во истиот, па најверојатно за нив есенскиот дел од сезоната заврши порано и нема да бидат во составите на своите тимови во последното, 14. коло за овој дел од шампионатот.