Начевски и Николов ќе делат правда на дуелот меѓу Вардар и Металург

В среда во спортската сала во Куманово, ќе се одигра Суперкупот на Македонија меѓу актуелниот шампион Вардар и освојувачот на Купот на Македонија, Металург.

Иако беше предвидено оваа средба да се одигра кон крајот на август, поради настапот на Вардар на Супер Глоуб, беше поместена за 18 септември.

Почетокот е закажан за 20:30 часот, а правдата ќе ја дели најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Преносот од Суперкупот ќе биде на ТВ Телма.