Нант тргна убедливо во сезоната

Кире Лазаров и колегите влегоа одлично во новиот шампионат на Франција и покажаа дека сезонава може да се очекува да бидат рамноправни во битката за титулата со ПСЖ и со Монпелје.

На гостувањето од 1. коло кај тимот на Понто беше забележана победа со 32:22 и на тој начин се виде дека Нант влегува силно во сезоната и со големи амбиции.

Овој меч донесе и еден погодок од страна на Кире Лазаров, кој биеше со прецизност од 25 проценти. Сепак, немаше потреба за повеќе бидејќи неговите колеги одлично ја завршија задачата и ги донесоа бодовите.

Инаку, најефикасен на теренот беше Николас Турно со шест гола, а голманот Сирил Думолан заврши со 16 одбрани.