Навивачите фрлија петарди на терен, езерското дерби во прекин! (ВИДЕО)

Езерското дерби вечерва во Струга ја има својата четврта сезонска епизода, но дамка на овој дуел фрлија гостинските навивачи од Охрид.

„Рибари“ фрлија петарди на теренот, тоа се случи во 36. минута од натпреварот. Голманот на домашните, Александар Стојаноски, во чија близина паднаа петардите, можеше да биде повреден, но по лекарската интервенција, тој застана на нозе.

Сепак дербито повеќе од дваесетина минути е во прекин, а делегатот Душко Камишевски, веројатно ќе побара празнење на трибината на која се наоѓаат гостинските навивачи.