Мораеш: Никој не веруваше во Вардар, но еве нè во финалето! (ВИДЕО)

Бразилецот во редовите на Вардар, Рожерио Мораеш кој денеска во финалето ќе се сретне со клубот во кој ќе се пресели наредната сезона ги сподели впечатоците од полуфиналето, а исто така коментираше и за очекувањата од последниот натпревар во Вардар.

„Многу сум среќен, сите сме многу среќни. Имавме седум гола негатива на полувремето, беше многу тешко. Разговаравме многу на полувремето како да бидеме подобри во втоирот дел, имавме 30 минути да се поправивме и успеавме да го направиме тоа. Последните 15 минути исто како против Пик Сегед на домашен терен бевме многу добри, исто така денеска имавме многу добро второ полувреме, а особено последните минути. Мислам дека заслуживме да бидеме во финалето. На почетокот на сезоната никој не веруваше во Вардар, но еве нè, ние сме во финалето. Ќе бидеме подготвени за натпреварот со Веспрем, тие напредуваа многу со Дејвис. Имаат добар тим, имаат 16 играчи кои се менуваат, сите играат. Треба да се одмориме, да изгледаме видео и да се подготвиме за утре“, изјави Мораеш.

Сигурно е дека и тој како и другите ракометри кои заминуваат од Вардар сакаат на најдобар можен начин со титула да се простат од екипата. За тоа да се случи ќе мора да го совладаат Веспрем во финалето. Во продолжение изјавата на Мораеш.