Многу емоции во „Билјанини извори“: Андоноски на колена ја дочека победата над Пелистер (ФОТО)

Победата на Охрид над Пелистер предизвика голем број на емоции во салата во СРЦ „Билјанини извори“. Сите коишто беа на трибините можеа да присуствуваат на одлична средба и да ги гледаат своите миленици во голем дуел.

Натпреварот мина со нервоза, црвени картони, но и победа на домашните. Оттаму тренерот на домашните Горан Андоноски има причина да биде задоволен за направеното на оваа средба. Тој има причина за славење бидејќи со своите момци дојде до голема победа.

Андоноски го дочека овој триумф на колена. Тој беше покрај аут линијата чекајќи го крајот на средбата по што втрча во теренот да се израдува со ракометарите.

Потоа замина до трибините за да „продискутира“ со исклучените ракометари на Пелистер, но сè мина во границите на нормалното.

На крајот сè заврши со победа на Охрид од 25:22 и ова беше дуел кој закажа пеколна пресметка напролет во Битола.