Младост останува во борба за врвот, славеше над Македонија Ѓорче Петров

Младост 09 во рамките на плеј-офот од Првата лига успеа да го порази составот на Македонија Ѓорче Петров со 25:19. Во не така интересна средба со мал број на погодоци, поуспешни беа домаќините кои сега ја продолжија трката за влез во Супер лигата.

Оранизирано и цврсто започнаа двете екипи, но поуспешни беа домаќините. Тие отворија со 3:0, по што гостите се вратија за краток период и дојдоа до 4:4. Ова не ги урна амбициите на Младост, кој го доби првиот дел со 9:7.

После ваквата разврска од првиот дел, во понатамошниот тек од средбата се беше отворено. Првите минути од второто полувреме најавија изедначена игра, но сепак тимот од Богданци имаше повеќе сили и на крајот го скрши отпорот на уморниот противник.

Горан Лисичков погоди шест пати и го имаше приматот најдобар играч на средбата. Кај Македонија Ѓорче Петров, по четири голови дадоа Кристијан Вељановски и Александар Ѓорѓевски.