Младинците со победа на првата контрола пред ЕХФ-шампионатот

Репрезентацијата на Македонија успешно ја одработе првата контрола против селекцијата на Црна Гора пред ЕХФ-шампионатот. Младинските селекции одиграа интересен дуел во кој беа постигнати 59 гола, а победата беше обезбедена со резултат 31:28.

300x250

Ова беше првиот од двата теста за Македонија пред натпреварувањето на кое сме домаќини од 20 до 29 јуни. Победата е добар знак, а тоа ќе треба да се потврди и утре од 17 часот кога се игра вториот натпревар.

И овој меч ќе биде одигран во Маврово. Инаку, Црна Гора е домаќин на вториот турнир од ЕХФ-шампионатот, па ова е добар тест за двата состави пред натпреварувањата на кои се очекуваат добри резултати.

Првиот меч од ЕХФ-шампионатот, Македонија го игра следниот петок од 20 часот против селекцијата на Велика Британија.