Младинците на ОАЕ во Скопје спарингуваат со Цемс

Новиот клуб во Првата машка лига, Цемс пред стартот на сезоната ќе има одлична можност за контрола на формата и на меѓународен натпревар, а противник ќе биде составот на Обединетите Арапски Емирати.

Селекцијата на оваа земја до 20 години ќе биде во Скопје и ќе одигра две средби со Цемс. Првата ќе биде од затворен карактер, додека втората на 5 септември ќе биде можност за сите да погледнат во каква форма се ракометарите на овој клуб, но и каков е квалитетот на репрезентацијата на ОАЕ.

Екипата на Цемс се врати веќе во Скопје после една недела тренинзи во Струга. На петте средби кои досега беа одиграни беа постигнати пет победи. Две беа против кадетите на КЛ 7 (38:24, 29:22), една против младинците на овој клуб (34:27), додека против младинскиот состав на Струга во кој се најдоа и дел играчи кои веќе играат и за првата екипа победата беше 28:27. Против исто така состав на младинци со играчи кои се дел и од првиот тим на Бутел триумфот беше 27:25.

Пред дуелите со ОАЕ, Цемс ќе одигра средби и со составот на Младост Богданци.