Михал Јурецки заврши со Келце!

Проблемите за полскиот шампион Келце со повредени играчи продолжуваат. Повредата на Михал Јурецки се искомплицира и сезоната ќе ја заврши порано. Тој ќе мора повторно да оди на операција, затоа што рехабилитацијата по повредата на прстот не беше успешна.

Левиот бек во февруари на натпреварот со Рајн Некар Левен се повреди, по враќањето во Полска беше опериран и требаше да се врати на терените во април. Сепак, Душебаев нема да го има на располагање за натпреварите од четврфиналето во Лигата на шампиони против ПСЖ.

Со ова Јурецки ја заврши сезоната и настапите во Келце затоа што од следната сезона се сели во Бундес лигата во составот на Флензбург, со кој има потпишано договор на две години.

Поранешниот полски репрезентативец претходно три години има настапувано во германското првенство, за екипите на Хамбург и Либек од каде што се врати во Келце. Тој има освоено осум полски првенства, а во 2016 година со тимот на Келце беше победник во Лигаата на шамоионите.