Митревски за 24Ракомет: Нема лесни натпревари, среќата и искуството беа на наша страна

Македонија славеше минимално со 25:26 на гостувањето кај Турција во петтото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година, а еден од најдобрите репрезентативци беше голманот Никола Митревски, кој имаше неколку важни одбрани, меѓу кои и најважната во последните секунди.

“Тежок натпревар, знаевме дека Турците исто како нас, ќе бидат силно мотивирани, можеби очекувавме нешто полесна победа, но се докажа дека нема лесни натпревари. На крајот, среќата и искуството беа на наша страна што беше пресудно за победа на ова гостување”, изјави Митревски за 24Ракомет.

Во последнот коло, Македонија ќе одигра натпревар против Грција, на кој мора да победи, за да го освои првото место во групата.