Миркуловски и Вецлар ја прекинаа „црната серија“ во Бундес лигата

Екипата на Вецлар каде капитен е Филип Миркуловски конечно успеа да дојде до победа и тоа против Гепинген со 26:21. Миркуловски средбата ја заврши со еден гол, додека Цветковски и на овој натпревар не се најде меѓу голманите кои настапија  за настап.

Се очекуваше тврд натпревар и таков и беше. Во првото полувреме се играше гол за гол каде ни една од двете екипи не успеваше да се одвои. Првото одвојување го направи Вецлар со самиот старт на вториот дел и после една серија од 6:1, мирно го однесе натпреварот во завршницата.

Стефан Чавор од Вецлар беше најефикасен играч во победата и погоди седумпати, додека Александер Херман остана зад него со шест голови. Кај Гепинген, Стефан Козина погоди петпати во мрежата на Вецлар.

Со ова Вецлар ја забележа првата победа по трите порази и се оддалечи од зоната за испаѓање, додека лошата форма на Гепинген продолжи и ова е четвртти пораз во низа во Бундес лигата.