Минус пет за Македонија на одмор против Хрватска

Во фуриозно прво полувреме во кое и двата селектори покажуваа кој колку добро ја познава играта 7 на 6 селекцијата на Хрватска си обезбеди предност за на пауза од 16:11. Македонија има тешка задача за продолжението бидејќи овие пет гола негатива ќе бидат тешко достижни.

Од почетокот на средбата се виде дека ова ќе биде игра во која ќе решаваат моменти. И на двете страни одбраните беа тие кои решаваа, а Шего имаше неколку интервенции кои овозможуваа лесни погодоци. После првите десет минути и нерешени 4:4, дојде лош период во кој Хрватска одите на плус три, 4:7.

Овие три гола станаа тешко достижни. Во обид да се вратат во игра, репрезентативците на Македонија почаа да играат брзоплето во напад. Практично имаше простор за шут, но Шего беше тој кој ги запираше сите обиди на крилата и пикерите. Шего беше нерешлив проблем и тука Македонија отиде на негатива од дури шест гола и имаше 7:13.

Тука веќе беше загубен ритамот и многу тешко можеше да се дојде до враќање во игра за подобар резултат. Хрватска успеа да се избори за убава предност, а обидот во финишот да се намали остана без успех бидејќи на одмор се замина со минус пет гола, 11:16.

Во овој дел од средбата Манасков имаше пет гола, по два постигнаа Кирил Лазаров и Талески, а по еден имаа Пешевски и Георгиевски.