Милосављев за 24 Ракомет ТВ: Загубивме, но тоа е пораз кој нe боли, одиме во Келн (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев имаше две различни полувремиња. Откако во првиот дел неговите одбрани недостигаа, во вторите 30 минути дојде на нивото кое е потребно и помогна вардарци да влезат во ритамот кој се посакува.

„Ова беше тежок меч на кој покажавме голем карактер како екипа. Ние претрпевме пораз, но тоа е пораз кој не боли. Тоа беше пораз кој е како победа за нас бидејќи ние сме тие кои одат во Келн“, коментираше Милосављев за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.