Милосављев за 24 Ракомет: Посакувам еден ден да се вратам и да го повторам ова со Вардар (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев го одигра последниот натпревар во дресот на „црвено-црните“. Тој одработе одличен викенд и така ја заврши одличната сезона.

Милосављев успеа покрај наградата за најдобар голман во текот на целата сезона во Лигата на шампионите да стигне и до две од петте најдобри одбрани на завршниот турнир. Сепак, тоа беа двете последни средби во „црвено-црниот“ дрес.

„Сакам луѓето да ме разберат за ова што се случува. Јас си заминувам, но ќе останам голман на Вардар и играч на Вардар целиот живот во своето срце. Посакувам еден ден повторно да се вратам тука и да го повторам уште еднаш сето ова“, изјави Милосављев пред камерата на 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.