Милосављев за 24Ракомет ТВ: Нема повреди, нема изговори – одиме на победа и против Веспрем (ВИДЕО)

Вардар е во големото финале на Лигата на шампионите по херојската победа над гигантот Барселона со 29-27. Во натпреварот за титулата, македонскиот првак ќе се сретне со унгарскиот првак Веспрем, денеска од 18:00 часот.

Голманот Дејан Милосављев беше фантастичен со 18 одбрани, а вели дека во финалниот двобој против унгарскиот тим нема никакви изговори и се заборава на сите болки, сите повреди….

„Сакам само со играчите да се опоравиме што повеќе пред Веспрем. Нема изговори дека те боли нешто, мораме да победиме“, вели Милосављев.

Целосната изјава погледнете ја во продолжение…