Милионски вредниот Иси Париз два дена гостин на Металург во Автокоманда во Купот на ЕХФ

Екипата на ЖРК Металург денес од 16:30 часот го има првото полувреме од двобојот со милионски вредниот тим на Иси Париз во Купот на ЕХФ. Клубот кој доаѓа од главниот град на Франција има буџет поголем и од повеќето машки тимови во Македонија, па тука е јасно какви се улогите на теренот.

Ова ќе биде епизода која ќе трае два дена бидејќи и вториот меч се игра во салата „Автокоманда“ во Скопје и тоа во истиот термин утре. По договор на двете екипи двете средби од првата рунда во натпреварувањето се играат во Македонија и потполно јасно е кој клуб е фаворит.

За разлика од младиот и неискусен состав на Металург, екипата на Иси Париз располага со искусни интернационалки кои настапувале и на Светски и на Европски првенства, а имаат и освоени медали од Олимписки Игри. Најзвучно име кај противникот на Металург е романката Крина Пинтеа, додека Хана Офтедал од Норвешка го скокна патувањето до Скопје.

Сосема извесно е дека Иси Париз е фаворит во овој двомеч, но денешниот предизик не би требало да ги плаши ракометарките на Металург кои со натпревар како овој ќе стекнат понатамошно искуство од европските натпреварувања. Французинките најголемиот успех од ова натпреварување го доживеаја во сезоната 2009 – 10 кога стигнаа до четвртфиналето.

Металург во пресрет на овој двомеч и во пресрет на новата сезона донесе неколку ракометарки во тимот, но сите тие се премлади и неискусни, а како можеби позвучно засилување е ракометарката која дојде од Вардар, Леонида Гичевска. Останатите новајлии во составот се: Стефани Софтовска, Мила Георгиевска, Тамара Темелковска, Теодора Гулицоска, Ангела Кукунешевска  и Михаела Стојановска.

Кај гостите кој имаат веќе составен тим кој го оддржуваат неколку години нови име е само голманката, Луси Сатрапова која пристигна од Кристијанштад и е воедно замена за скорозаминатата Силје Солберг (Шиофок). Покрај Солберг, во тимот на Иси Париз пристигна и холанѓанката Лоис Абинг.

Најголемото остварување на Металург во Европа е пласманот на тимот во осминафиналето од Купот на победниците на куповите во сезоната 2011 – 12 како и полуфинале од Челинџ купот во сезоната 2009 – 10. Двата натпревари започнуваат во исто време, а влезот е слободен.