Милан Лазаревски: Нексе не е екипа за потценување

На првиот прес кој беше организиран од страна на Металург на стартот од новата сезона во СЕХА како претставник од ракометарите се појави пивотот Милан Лазаревски.

Младиот ракометар потврди дека тие се подготвени за да се надигруваат и очекува ова да биде интересна средба на која сигурно ќе прикажат подобра игра.

„Во фаза на подготовка сме за средбата против Нексе. Можеме да се надеваме на позитивен резултат. Ова ни е прв меч на домашен терен. Очекувам силна поддршка од навивачите. Нексе не е екипа на потценување. Не се со огромен буџет, но економично ги трошат парите на засилувања за играчи кои не се со звучни имиња, но се квалитетни. Го совладаа ППД Загреб, а можеме да се надеваме на позитивен резултат во 3. коло“, изјави Лазаревски,

Средбата се игра в недела од 20:15 часот во салата во СЦ „Борис Трајковски“.