Мешков Брест останува без двата десни бека

Белорускиот репрезентативец Сергеј Шилович и Мешков Брест нема да ја продолжат соработката во следната сезона. По истекот на тековниот договор десниот бек го напушти клубот и од лето ќе има нов предизвик во кариерата.

Шилович за Мешков настапува од 2014 година, забележа вкупно 251 настап и постигна 690 гола. Со екипата тој стана шест пати шампион на Белорусија и пет пати го освои Купот. Исто така беше дел од тимот и на настапите во Лигата на шампионите и СЕХА лигата.

„Ви благодарам многу. Дефинитивно во Брест беше најдобриот дел од мојата кариера. Долги години со клубот бевме на највисоко ниво. Многу победи, многу позитини емоции. Посебна благодарност до навивачите. Тие се навистина најдобри, во атмосферата што ја создаваа на натпреварите секогаш беше забавно да се игра. Незаборавно. Благодарност и до раководството на клубот што веруваа во мене и секогаш ме поддржуваа. Времето поминато во Брест беше исклучително позитивно искуство во кариерата“, изјави Сергеј Шилович.

Покрај Шилович, Мешков Брест остана и без вториот десен бек Шиме Ивиќ, па ќе мора да биде активен на трансфер пазарот и да ја пополни проблематичната позиција пред стартот на новата сезона.