Мечот Пик Сегед-Вардар ќе има трето полувреме во ЕХФ

Натпреварот меѓу Пик Сегед и Вардар имаше прекин во финишот кога дојде до туркање, мешаница, па веројатно и по некој удар во таа мешаница предизвикана од Деан Бомбач. Поради ова средбата беше во пауза од неколку минути, но на крајот сè се заврши без проблеми и со подадена рака.

Сепак, овој дуел ќе има и трето полувреме, а тоа ќе биде кај Дисциплинската комисија во ЕХФ. Ќе се разгледува прекинот кој се случи на 25 секунди до крајот и дури потоа ќе се знае дали ќе има одредени санкции за некои од играчите или другите официјални лица.

Засега нема ништо друго во однос на информации околу инцидентот и дали некои од играчите се веќе пријавени како виновници од страна на делегатите, но јасно е дека ЕХФ за неколку дена ќе излезе со соопштение.