Металург и Вардар за саботен „ручек“

Суперлигата се ближи кон самиот крај, а претстојниот викенд на програмата е 8. коло од разигрувањето за титулата. Вардар е во пол позиција за титулата пред заостанатиот натпревар против Еурофарм Работник, но претходно има да одигра уште еден натпревар од редовното коло.

„Црвено-црниот“ тим ќе го пречека новиот суперлигаш Бутел Скопје в сабота на пладне од 12:00 часот во СЦ „Јане Сандански“. Исто така и големиот ривал Металург во Автокоманда во „ручек“ време од 12:00 часот, ќе го пречека составот на Пролет.

Во Битола, пак, утре со почеток во 18:30 часот Пелистер ќе се соочи со Еурофарм Работник во битката во која „фармацевтите“ се големи фаворити.